Црногорскиот музичар Рамбо Амадеус синоќа одржа одличен концерт во Македонската филхармонија. Придружуван од ЗЏМ БИГ БЕНД популарниот „Рамбо царе“ не врати во минатато со нумерите кои имаа џез аранжмани и звучеа совршено.

Музичарот кој никој не го знае со неговото вистинско име Антоније Пушиќ, иако подостарен за своите речиси 60 години одлично се држи на сцената, ја има комуникацијата со публиката и го задржал својот препознатлив сарказам.

Па така публиката се смеше на неговите шеги дека денеска не се дрогираат само музичарите туку и политичарите и оти не среќен што некои од неговите песни биле пророчки.

Ја спомена и короната која едвај ја преживеал и оти сега има и „написмено“ од лекарите оти може да ги заборава текстовите од своите песни.