Продавач на карти во природниот национален парк „Шинџуку Ѓо-ен“ во близина на Токио, пуштил повеќе од 160.000 туристи без влезница, поради страв странците да не го караат оти не знае ниту еден друг јазик освен јапонскиот.
Седумдесет годишниот старец, сега веќе во пензија, пред истражните органи признал дека од 2014 година престанал да наплатува билети и тоа траело 2,5 години.
Не говорам ниеден друг јазик и еднаш се исплашив кога еден странец почна да вика кон мене – се правдал пред надлежните.
Според Министерството за животна средина, кое раководи со паркот, вкупната загуба изнесува 25 милиони јени, односно 220.000 долари.
Comments are closed for this post.