Бебето Арчи се појави денеска по прв пат во јавност за време на кралската турнеја со своите родители во Јужна Африка, а принцот Хари и Меган Маркл го запознаа синот со еден од хероите на апартхејдот, надбискупот Џезмонд Тутуом.
Четиримесечниот Арчи гордо позираше со јужноафриканскиот активист и пензиониран англикански надбискуп и неговите родители.
Војводата и војвотката од Сасекс објавија на нивниот Инстаграм профил снимка на која го носат синот, со опис „Арч го запознава Арчи“.
Малиот Арчи се смее, додека во рацете го носи неговата мајка и го запознава со еден од хероите на апартхејдот, надбискупот Дезмонд Тутуом и неговата ќерка.
Меган се пошегувала дека Арчи треба да се навикне на камерите во неговиот живот, пренесува Дејли мејл.
Принц Хари, Меган Маркл и малиот Арчи се наоѓаат на првата кралска турнеја како семејство во Јужна Африка.
Comments are closed for this post.