Светската премиера на првиот трејлер за деветиот и финален дел на сагата за Војна на ѕвездите одржана е денеска на годишниот настан „Star Wars Celebration“.
На случувањето е потврдено и името на епизодата IX „Star Wars: The Rise of Skywalker”, кој во кино салите ќе може да се погледне на крајот од годината.
Во филмот глумат Деизи Ридли, Адам Дривер и Марк Хамил, кој се враќа како Лук Скајвокер.
star wars is ending the way it began; with a skywalker pic.twitter.com/qIa6pXYQ5u
— mika (@anakvns) April 12, 2019
Она што е посебно интересно е дека во една сцена се појавува и покојната Кари Фишер како принцезата Леа, со помош на претходно необјавени снимки од Војана на ѕвездите, направени пред нејзината смрт во 2016 година.
Трејлерот е прикажан на крајот од едночасовниот настан, на кој за прв пат пред јавноста се објавени промотивни фотографии од глумците во филмот.
Откриен е и нов робот, Дио, кој во филмот ќе му прави друштво на веќе добро познатиот ББ-8.
Comments are closed for this post.