Стотици замоци, налик на оние од бајките на Дизни, наменети за луксузно домување на богатите Арапи зјаат празни во срцето на Турција.

Непосакуваниот град е сместен на само три километри од историскиот град Мудурну во северозападната првинција Боло во Турција. Невообичаениот дизајн на идентични минијатурни дворци бил прилагоден по вкусот на арапските инвеститори од Бурџ Ал Бабас. Комплексот предвидува и трговски центар, хотел, џамија и турски бањи.

И покрај гласните противења на локалното население, кои тврделе дека дворците во Дизниев стил не одговараат на отоманската архитектура и дека со изградбата би се уништил „историскиот материјал“ во покраината, властите добија зелено светло а изградбата е започната во 2011 година.

Меѓутоа, од планираните 732 вили, само 587 се завршени пред компанијата да наиде на финансиски проблеми и долг тежок 27 милиони долари. Отприлика половина од вилите се продадени на купувачи од Катар, Бахреин, Кувајт, Обединети Арапски Емирати и Саудиска Арабија.