Тим на невладина организација, источно од градот Давао на Филипините, открил мртов кит, кој имал проголтано над 40 килограми пластични кеси, соопшти Би-Би-Си.
Во утробата на китот се пронајдени 16 торби со ориз и мноштво кеси за пазарување. Од организацијата посочуваат дека ова е најголемо количество пластична маса пронајдена во кит.
Не бев подготвен за толкаво количество, колку што видов, изјави основачот и претседател на музејот што стои зад организацијата, Дарил Блејчли.
.
Comments are closed for this post.