По инцидентот на плажата, кога сопственикот избрка муслиманско семејство поради хиџабот што го носеше нивната ќерка, се огласи и министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Филип Аџиќ, кој рече дека за немилиот настан е виновен Драган Ѓ.
Тој е донесен на изјава во просториите на Одделението за обезбедување на Бар. Аџиќ истакна дека реакцијата на полицијата била брза, додавајќи дека очекува соодветен одговор од обвинителството
Семејството дошло на плажа да ужива во сончањето и морските радости. Но, ситуацијата се претворила во пекол, бидејќи сопственикот на плажата интервенирал и покажал нетрпеливост кон носењето хиџаб.
– На базенот „Роки Бич“ на плажата Утјеха не е дозволено капење во облека, а тоа стои на таблата пред базенот. Можат да пливаат во бурка, хиџаб во море, исто како што пливаат, но не и во базен – изјави сопственикот на плажата, Драган Ѓ. за RTCG.
Comments are closed for this post.