Во интервју за ББС, британскиот принц Вилијам  зборува за смртта на својата мајка и тагата што ја чувствува.  Изјави дека загубата на својата мајка  принцезата Дијана ја  чувствува  како “болка што не може да се спореди со ниедна друга”.

Зборувајќи за Би-Би-Си за менталното здравје, тој рече дека работата како пилот на медицински авион му помогнала да се добие впечаток дека смртта е “непосредно овде”, објави АП.

Тој објасни дека некои мисли му предизвикале  проблеми додека не поразговарал  со некого.

Британските принцови Вилијам и Хари претходно изразија надеж дека нивните искрени признанија за сопствените ментални проблеми ќе ги поттикнат другите да побараат помош.