Во интервју за ББС, британскиот принц Вилијам зборува за смртта на својата мајка и тагата што ја чувствува. Изјави дека загубата на својата мајка принцезата Дијана ја чувствува како “болка што не може да се спореди со ниедна друга”.
Зборувајќи за Би-Би-Си за менталното здравје, тој рече дека работата како пилот на медицински авион му помогнала да се добие впечаток дека смртта е “непосредно овде”, објави АП.
Тој објасни дека некои мисли му предизвикале проблеми додека не поразговарал со некого.
Британските принцови Вилијам и Хари претходно изразија надеж дека нивните искрени признанија за сопствените ментални проблеми ќе ги поттикнат другите да побараат помош.
Comments are closed for this post.