Идниот крал на Англија, принцот Чарлс на 15 мај ќе го отвори својот хотел кој ќе работи според принципот „bed and breakfast“,  познат под името „Granary Lodge“.

Малиот хотел со десет соби се наоѓа на Северно Море во замокот Меј во Скотланд Квинс. Замокот е оставштина од Кралицата Елизабета Меј.

Сега нејзиниот правнук принцот Чарлс ја продолжува нејзината работа. Хотелот е реновиран, а собите се во викторијански стил.

Собите можат да се закупат по цена од 170 до 230 евра. Јасно е дека не станува збор за вносен бизнис, тука намерата на Чарлс е парите од хотелот да се слеваат во фондацијата на замокот Меј и развој на регионот како туристичка дестинација.