На програмата на 45. Млад отворен театар за денес (2 декември) е предвидена изведбата на претставата „Кожурец“ од 19:30 часот на македонската театарска група „Артопија“ со стрим во живо.

Нов храбар обид за експериментирање на театарската група ‘Артопија’ што повеќе од 4 години е симбол на слободен театарски израз, потрага по нов, со силна желба за искрено пренесување на сопствената емоција од другата страна на просцениумот. Работена според вистинска приказна, претставата ‘Кожурец’, во режија на Билјана Радиноска го отвора просторот на комплексните односи помеѓу премолчувањето и прозборувањето, барајќи го во театарскиот контекст јазикот да прозбори за внатрешните и надворешни механизми на сексуалната злоупотреба на децата. Претставата претставува своевиден емотивен пејзаж на една траума, преиспитување на репрезентацијата во театарот, збир на сцени, слики и песни, добиени како материјал од истражувачкиот процес“, се вели кон претставата.