Париз неделава ја виде првата нудистичка претстава во која и публиката мораше да се слече до гола кожа.

Голата премиера се случи во Палата на мразот (Palais des Glaces), а шоуто било поздравено со аплауз и оценето како голем успех. Станува збор за претставата „Голо и потврдено“, како одговор на француската реченица – „прочитај и потпиши“ нешто што е отпечатено на еден куп официјални документи.

Претствата е фарса за тие што се противат на голотијата, односно на природниот начин на живот.

Седрик Амато, кој е на чело на нудистичката група од Париз, кој и покрај студеното време и снегот се охрабрил да дојде на претставата, која ја гледал како од мајка роден, изјави:„Нема подобар начин да се смееш од тој да се смееш гол“.

Нудистите во Париз се обидуваат да ги скршат социјалните кодекси и се обидуваат нивниот стил на живеење да го наметнат како мејн стрим, па организираат нудистички стенд-ап комедии, голи посети на музеи и одредуваат нудистички зони во најголемиот градски парк.

Но, како што објавува британски „Дејли експрес“, и покрај ова првиот нудистички ресторан O’Naturel,ќе се затвори следниот месец „затоа што нема доволно голи газиња да ги пополнат столиците“.