Со премиерата на филмот „ Хомо“, во режија на Игор Иванов- Изи, на зелениот покрив на ГТЦ, вечерва се затвора 19 издание на фестивалот на европски филм Cinedays. Ова е филм за потрагата по среќата, вели режисерот, кој заедно со Сашо Кокаланов, го напиша сценариото за филмот.
Третиот долгометражен филм на режисерот Игор Иванов –Изи, насловен „Хомо“, низ приказни за 6 ликови, зборува за потрагата по среќата и личната реализација на човекот од нашиве простори, во услови на општествена декаденција и деструкција.
„Хомо“ е спој на црна комедија и драма. Работен е како копродукција меѓу Македонија, Србија, Косово, Бугарија и Словенија, а главен продуцент е „Скопје Филм Студио“. Во филмот настапуваат домашни и актери од земјите копродуценти, а за прв пат на филм се појавува нашиот активист за правата на лицата со попреченост, Александар Матовски – Цако.
фото: Скопје филм студио
Comments are closed for this post.