Рускиот производител на камиони Камаз преговара со кинеската автомобилска компанија JAC за евентуално продолжување на производството на руската марка на автомобили „Москвич“, пренесува Ројтерс.
Mоделот на автомобилoт од советската ера ќе се произведува во поранешната фабрика на Рено во Москва, а Камаз е во преговори со JAC за користење на својата платформа за дизајн, инженерство и производство.
Градот Москва ќе го преземе имотот на „Рено“, откако францускиот производител на автомобили објави дека го продава својот мнозински удел во Автоваз.
Производството ќе започне најдоцна кон крајот на годинава.
Comments are closed for this post.