На 30 декември на малата сцена во МНТ со почеток во 12:00 премиерно ќе биде одиграна монодрамата „Последната лента на Крап“ од Семјуел Бекет, а во изведба и режија на првенецот на Македонскиот народен театар, Ѓорѓи Јолевски.

Претставата е ко-продукциски проект помеѓу Македонскиот народен театар и Перипетија продукција од Скопје. Продуцент е Ѓорѓи Јолевски, а извршен продуцент е Никола Кимовски.

Преводот на текстот од англиски на македонски јазик го направи драматургот Владимир Јанчевски. Сценографското решение, дизајнот на плакатот и програмскиот каталог се на Сергеј Светозарев, костимографијата е на Ивана Каранфиловска – Угуровска.

На светло дизајнот работеше Дарко Младеновски во соработка со светло – операторот Игор Митревски, а на дизајнот за тон – Ненад Трпеноски.

 

Билетите се достапни онлајн на следниот линк https://mnt.mk/online/index.php?id=438

Билетарницата работи понеделник и вторник од 12:00 до 18:00 и во среда од 9:00 до 14:00