Војвотката Меган Маркл пред бракот со принцот Хари беше во брак во Тревор Енгелсон, а по разводот почнала да разменува пораки со разни мажи на социјалните мрежи. Еден од нив е звездата на ИКС фактор Мат Кардл кој го запознала во 2015 година. Во тоа време тој глумел во мјузикл, а извор на британскиот медиум раскажал како се почнало кога таа го пофалила неговиот настап.
Мат не можел да верува дека холивудска звезда како Меган знае кој е тој , па затоа бил поласкан и почнале да се допишуваат на интернет, пред таа да му предложи да се најдат, навел изворот.
Мат почнал да ја следи Меган на социјалните мрежи во 2015 година затоа што сметал дека е извонредна актерка, а тој бил во шок кога и Меган почнала да го следи и да му праќа пораки.
Во меѓувреме Мат ја запознал сегашната девојка, па сметал дека не е соответно да се допишува со Меган.
Инаку кога Меган Маркл почнала да се забавува со Хари, таа ги избришала профилите на социјалните мрежи.
Comments are closed for this post.