Манекенот и поранешен порно глумец, Сајмон Рекс, обелодени дека во минатото се гледал со сегашната сопруга на британскиот принц Хари – војвотката од Сасекс, Меган Маркл.

Ја бакнав, а таа ме оттурна. Тоа беше многу непријатно. Рече нешто како: „О, боже, си јадел лук!“ Испаднав глупав, па се смеев. Не беше безобразна, ништо налик тоа, беше само искрена – раскажува Рекс.

По таа средба, Маркл не сакала повторно да се видат, но, како што вели Рекс, не само поради лукот, туку највројатно и затоа што тој глумел во филмови за возрасни.

Можно е да дознала. Има толку прашања на коишто и јас не го знам одговорот. Не знам зошто немаше втора средба, но мислам дека е најмногу поради лукот – смета Сајмон.

Освен во порно филмови, Рекс глумеше и во серијалот комедии „Страшен филм“, а има направено обид и да се пробие во музичката индустрија.