Познатиот германски креатор на висока мода, Карл Лагерфилд, кој почина во вторникот во Париз, погребан е денеска во Франција.
Кремирањето на германскиот стилист се одржа во Нантер, предграде на Париз, во присуство на неговата соработничка Виржин Вијар, која го наследи неговото место на уметнички директор на луксузната модна куќа „Шанел“. На погребот присуствуваше и принцезата Каролина од Монако.
Лагерфилд повеќепати има кажано дека не би сакал комеморација и многу луѓе на неговиот погреб. Во една прилика, во шега, изјави дека попрво би „умрел“ отколку да му се организира погреб, како оној на францускиот Елвис, Џони Холидеј.
Германскиот стилист скоро секогаш носеше темни очила, косата уредно врзана во репче, и елегантни, претежно црни одела, со кошули со „крента“ јака и необични кравати со шал. Понекогаш држеше и елегантен стап.
Беше уметнички директор на модната куќа Шанел од 1983 година.
Се претпоставува дека креаторот е роден на 10 септември 1933 година во Хамбург, бидејќи Лагерфилд го криеше точниот датум на неговоро раѓање, а за неговиот приватен живот многу малку се знае. Во Париз се преселил во 50-те години.
Comments are closed for this post.