Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека се разговара како да се обезбедат повеќе попусти во хотелите и рестораните за граѓаните на трите земји.
– Па да прашам дали ова не е најдиректна придобивка за сите вклучени во иницијативата. Затоа и се лутам на себе кога велиме дека треба да поканиме некого, како да не можеме да постоиме без некого. Ова го направивме со покажување на одговорност. Ја направивме најдобрата иницијатива, која ќе го промени ликот на Балканот, од чие име не се срамиме, што ќе донесе многу добро за граѓаните, објасни српскиот претседател во Тирана.
Comments are closed for this post.