Богата со вкус, со фини тенки кори од белки, ореви и плазма бисквити. Фил подготвен на пареа со печени лешници, Милка чоколадо и кршена плазма .. Кога сите овие состојки се соединат, обидете се да го замислите вкусот на тортата. Совршенство, тоа е грчката торта со Милка чоколадо.
Состојки:
Потребни за еден кора (се печат 3)
– 5 белки
– 5 лажички шеќер
– 3 рамни лажички прашок за пециво
– 1 лажица брашно
– 3 супени лажици ореви
– 4 супени лажици плазма бисквити
Потребно за филот
– 15 жолчки
– 200 гр печени лешници
– 300 гр Милка чоколадо
– 8 лажички шеќер
– 150 гр крцкави плазма бисквити
– 300 мл слатка павлака
Подготовка:
Вклучете ја рерната на 180 степени за да се загрее. Додадате ги белките и шеќерот. Измешајте брашно, прашок за печење, ореви и плазма. Посипете во калап, израмнете и печете најмалку 15 минути. Потребни ни се три кора.Оставете ги корите да се оладат.
Додадете топло чоколадо на врвот и оставете да се олади
За филување:
Редете, кора, фил, кора, филот, кората, филот …и потоа оставете го во фрижидер. За крај обложте со чоколадо, се разбира Милка.
Погледнете како изгледа. Добар апетит.
Comments are closed for this post.