Некогашната најголема светска тинејџерска музичка ѕвезда Бритни Спирс се пријавила самата во ментална институција во Калифорнија. Таму ќе престојува еден месец.

По објавата дека „секој треба сам да се грижи за себе и да одвои време за себе“ Бритни се пријавила во ментална болница.

Според „ТМЗ“ Бритни е многу загрижена поради лошата здравствена состојба на нејзиниот татко и дека поради тоа побарала помош.

Таткото на Бритни, Џејми минатата година бил опериран откако му пукнало дебелото црево, но докторите наводно не верувале во позитивен исход.

Тој, инаку веќе повеќе од 10 години е легален старател на целиот имот на Бритни Спирс.