Калинката е прополна со антиоксиданси и витамин ц, но постојат уште многу здравствени бенефити за кои малку знаеме.
При избор на калинките бирајте ги најцрвените или кафените кои се прилично тешки. Ова овошје кога се чува во фрижидер, може да издржи од три до четири недели. Меѓутоа, еднаш кога ќе се отвори може да стои два до три дена, но меже да се чува и замрзнато.
Кој е најдобриот начин да отворите калинка?
Прво е неопходно да се излупи кората како би се дошло до семките кои се полни со сок. Најдобар начин да го отворите е да го потонете во вода како не би дошло до прскање на сокот.
Како се јаде калинка?
Освен што се грицка можете да приготвите и салата од нејзе, да ја измешате со гвакамоле, направите шејк, но и одлична сангрија.
Калинката во исхраната и медицината
Постојат повеќе студии кои го потврдуваат благотворното дејство на калинката врз кардиоваскуларниот и нервниот систем, како и врз коските. Тоа произлегува оттаму што калинката е богат извор на витамин Б5, калиум, алагитанин и флавоноиди.
Исто така, 100 грама калинка содржат 16% од препорачаната дневна доза на витаминот Ц.
Понатаму, калинката содржи фитохемикалии кои го поттикнуваат создавањето серотонин и естроген во организмот.
Според клиничките испитувања, материите што ги содржи само калинката – пуницалагините – влијаат поволно врз срцето и крвните садови. Маслото од калинка има естрогенски, антивоспалителни и антимикробни својства бидејќи содржи пуницинична и елагична киселина.
Comments are closed for this post.