Најпознатиот карневал во светот, парадата на боите, самбата, голотијата, музиката…почна на 1 март – тоа е карневалот во Рио. На Самбадром ќе прошетаат илјадници членови на самба школите во земјата, но и од другите латиноамерикански држави.

Годишниот карневал е поделен на два дела – народен карневал, на кој учествуваат аматери, и официјален, натпревар меѓу школите по самба од сите земји на Латинска Америка.

Се претпоставува дека само на карневалот во Рио де Жанеиро ќе учествуваат 7 милиони луѓе, а меѓу нив и 1,5 милиони туристи.

Најпознатите карневалски процесии се случуваат во Рио де Жанеиро, Сао Паоло Ел Салвадор и Рецифе, но климаксот се случува во Рио.