Американскиот глумец Макс Рајт, познат по улогата на Вили Тарнер во легендарната серија „Алф“ починал синоќа во 75 година од животот во Калифорнија, САД.
Како што соопшти неговото семејство, тој во средата ја изгубил битката со тешката болест, канцер, со кој се борел од 1995 година.
Рајт светската публика ќе го памети по ликот Вили, расеаната глава на семејството без кој прочуената ситуациска комедија „Алф“, за вселенската кукла која зборува, нема да беше тоа што е.
Исто така, глумеше и во популарната серија „Пријатели“, каде го глумеше Тери, сопственик на локалот „Централ парк“, во кој главните ликови за време на десетте сезони се собираа.
Comments are closed for this post.