Американскиот глумец Питер Фонда почина вчера на 79-годишна возраст во Лос Анџелес, соопшти денеска неговото семејство.
– Многу сум тажна. Беше мојот сакан помлад брат. Семеен брбливко. заедно ги поминавме неговите последни денови. Замина со насмевка, изјави неговата сестра, актерката Џејн Фонда.
Питер Фонда беше син на холивудската легенда Хенри Фонда.
За улогата во филмот „Голи в седло“ беше номиниран за Оскар, а подоцна и за улогата на виетнамски ветеран и пчелар во филмот „Златото на Ули“, за што ја доби наградата Златен глобус.
Питер Фонда, кој боледувал од рак на белите дробови, починал опкружен со семејството, третата сопруга Маргарет Вогелер и децата од првиот брак, ќерката Бриџит и синот Џастин Фонда.
Comments are closed for this post.