По распишаниот меѓународниот ликовен конкурс “Битола 2021” кој беше  распишан во почетокот на септември 2020 година, а траеше до 20 февруари 2021 година, стручното жири на “Малиот Битолски Монмартр 2021” ги одреди наградените во повеќе категории, почесната награда “Коста Хаџи Антоновски“ за долгогодишно учество, соработка и придонес  одреди да ја добие Теодолинда Паскоал од “Теоартис“, од градот Евора, Португалија, со кои Студиото има долгогодишна соработка.

На конкурсот учествуваа 453 училишта, со 13.737 цртежи, од 33 земји од Европа и светот, а стручното жири од вкупниот број пристигнати творби на 39. Меѓународна изложба на детски ликовни творби “Битола 2021” избра 752 творби.

Добитник на Наградата “Гран –при 2021” е “SCHOOL 1955” од Москва, Русија.

Почесна награда “КОСТА ХАЏИ АНТОНОВСКИ” за долгогодишно учество, соработка и придонес ја добива Теодолинда Паскоал од Евора, Португалија.ж

Награда “Проф.Д-р БОГОМИЛ КАРЛАВАРИС“  за животно дело е за Славко Жупан од Љубљана, Словенија.

Јубилејна специјална награда за училиште е за HUNGARIAN CULTURE CENTRE “NEPKER од Суботица, Србија.

Јубилејна специјална награда, за ученик, ја добива GORDEY MURASHKO од Москва, Русија.

Награда – учество на “Малиот битолски Монмартр 2021“ за добиваат 17 екипи, 2 ученици и 1 ликовен педагог, од Кина, Русија, Турција, израел, Србија, Украина, Малезија, Романија, Полска, Бугарија, Русија, Унгарија…

Награди за најдобра колекција “Златна четка” за 18 колекции испратени на конкурсот.

Награди за најдобри поединци  “Златна палета” за 105 најдобри поединечни остварувања на светската изложба „Битола 2021”.

Признанија за поединечни остварувања – „диплома” за 202 поединечни остварувања на конкурсот „Битола 2021” за светската изложба.

 

извор/фото: Битолањуз