Петар Георгиевски, независниот кандидат за градоначалник на Скопје со поддршка од „Левица“, објави на Фејсбук дека неговата фирма добила 14.000 евра од Град Скопје за организација на дочекот на Новата Година.
„Eпа јас со бројки ќе ве удостојам!!!14 000 евра на спрема 165 000 на Шилегов за организација и озвучување!!!! ….Кривична пријава од антикорупциска имате за нова година !!!Значи ни 8 посто од сумата на Шилегов не чинеше оваа нова година!“, напиша меѓудругото популарниот Перо Камиказа, алудирајќи на потрошената сума на Град Скопје за дочекот на 2020.
Од СДСМ реагираат дека Георгиевски преку статус на Фејсбук признал дека ангажманот на неговата фирма КЛС за озвучување на новогодишната прослава чинел 14.000 евра.
„Наместо да се крие зад штури соопштенија, Данела Арсовска треба да излезе пред граѓаните и да каже кој платил за ангажманот на Камиказа“, коментираат денеска од СДСМ.
Инаку вчера СДСМ упати јавно прашање до Камиказа дали фирмата на кандидатот за градоначалник за Скопје, КЛС, била ангажирана за озвучувањето на новогодишната прослава на градскиот плоштад, по што самиот Георгиевски синоќа се огласи на Фејсбук со бројка.
Comments are closed for this post.