Претседателот Стево Пендаровски треба да излезе и да каже која е цената на тој договор. Треба да излезе и да ја каже цената, знае за се и сешто да коментира, знае за се и сешто да има став, но очигледно дека за најбитното прашање, а тоа е дали и зошто ја продал Македонија не го гледаме еве скоро 2 недели, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Телевизија Алфа.

Време за средба со Нивес Целзиус, Пендаровски има, ама време за да и одговори на јавноста зошто и од кого пари на бугарски клубови во Македонија нема – реагира Николоски.