Пејачката на Твитер открила дека повеќе не е дел од католичката црква и дека сега практицира ислам. Името го променила во Шухада Давит, а ваквата информација им ја соопштила на своите обожаватели преку својот Твитер профил.

Сакам гордо да објавам дека станав муслиманка. Тоа беше природен заклучок на моето интелигентно теолошко патување. Сите свети книги водат кон исламот. Имам и ново име, ќе се викам Шухада, навела пејачката на својот профил.

Таа неодамна споделила видео како учи езан, што е муслимански повик на молитва.

Ова е мојот прв обид за учење, некои зборови се уште ги изговарам погрешно, но ова е само првиот од многуте кои следат”, додала пеачката.

Иако изјавила дека нема да сподели фотографија од себе кога е покриена, на интернет набрзо почнале да се споделуваат фотографии на кои може да се види пејачката во хиџаб.