Претставничката на Украина на Евровизија, Марув, сепак нема да се натпреварува на евровизискиот фестивал по одлука на украинскиот јавен сервис, јави Би-би-си.
Главен проблем за повлекување на својот кандидат е закажаната турнеја во Русија на пејачката, но и други услови за кои Ана Корсум (ака Марув) рекла дека „се цензура која не ја прифаќа“.
Песната на 27-годишната Марув „Песната на сирената“ победи во јавното гласање во саботата, но потоа пејачката влегла во конфликт со дифузерот. Таа добила услов во рок од 24 часа да ја откаже турнејата низ Русија, услов кој рекла дека може да го прифати.
„Граѓанин сум на Украина, плаќам даноци и искрено ја сакам Украина. Но, не сум подготвена да се обраќам (на луѓе) со слогани, да се претвори моето учество во промоција на политичари. Јас сум музичар, а не реклама на политичка сцена. Барам да ја прифатите оваа ситуација а не да преземате чекори кон конфронтација“, напиша на Фејсбук, Марив, чија песна на Јутјуб веќе има 6,8 милиони прегледи.
Во соопштението објавено од државната телевизија се вели:„Изведувачот ја претставува Украина…исто така таа има обврска да биде и културен амбасадор на Украина и не само да ја претставува нејзината музика, туку да искаже и мислење на украинското општество во светот“.
По преговорите двете страни не нашле заедничко решение.
Инаку, според правилата на Евровизија, државниот јавен сервис е должен да обезбеди натпреварот да добие карактер на политички натпревар.
Comments are closed for this post.