Шпанскиот режисер Педро Алмодовар ќе го добие Златниот лав за животно дело на овогодинешниот Венецијански филмски фестивал, соопштија организаторите.
Директорот на фестивалот Алберто Барбера изјави дека Алмодовар е „режисер кој ни понуди повеќезначајни, контраверзни и провокативни портрети на Шпанија по (долгогодишниот диктатор Франсиско) Франко.
Неговите филмови се занимаваат со „страста и идентитетот“, проткаени со „саркастичен хумор“ и украсени со „визуелен сјај“, изјави Барбера.
„Тој Златен лав ќе стане мој домашен миленик, заедно со двете мачки со кои живеам. Благодарам од срце за оваа награда, изјави Алмодовар.
Венецијанскиот филмски фестивал, најстариот во светот, оваа година ќе се одржи од 28 август до 7 септември.
Comments are closed for this post.