Во време кога жените едвај врзувале крај со крај се создале највкусните рецепти за економични јадења во кои се ужива и денес. Еден од таквите рецепти е таканаречената сиромашна пита, која дефинитивно е богата со вкус.

Состојки

850 гр брашно
450-500 мл млака вода
125 мл масло
1 ниво лажичка оцет
путер
сирење
2 јајца
малку млеко

Подготовка:

Замесете мазно тесто, расукајте ги корите и наредете ги во огноотпорен сад, секоја кора наполнете ја и премачкајте ја со путер. Се сече на квадрати, се прелива со млеко и се пече на 200 степени 30-35 минути.

Пријатно!