Многумина „заглавија“ на Голи Оток за кажување „непримерни“ политички вицеви во Титова Југославија, но имаше една што самиот Маршал многу сакаше да го кажува… особено на Русите.
Јосип Броз Тито важеше за човек кој има добра смисла за хумор, сака да се смее и да се шегува, дури и на своја сметка.
Еве го неговиот омилен виц
Тројца затвореници во руски гулаг разговараат.
– Ме осудија затоа што го пофалив другарот Попов – вели првиот.
– А јас сум заглавен затоа што го критикував другарот Попов – се жали друг.
– А кој е твојот грев? – го прашуваат третиот.
– Јас сум другарот Попов – одговори тој
Comments are closed for this post.