Поморските биолози, околу Соломонските Острови, открија нов вид желки кои светат в мрак и имаат необична способност за биофлуоресценција, односно емитуваат светло во различни бои, како на пример, зелена и црвена. Поморскиот биолог Александер Гаос вели дека коралите често имаат биофлуоресценција, па можно е желките да ја развиле оваа способност и за да се вклопат во околината.
Нареден чекор во проучувањето на другите нивни способности, е функцијата на очите на желките и дали со нив тие ја гледаат флуоресценцијата што другите ја емитуваат. Тимот биолози, исто така, ќе ја проучуваат и хемиската реакција во самата желка при произведувањето на таа светлина.
Ова уникатно откритие би можло да води кон откривања на други слични животни со непознати способности.
Comments are closed for this post.