Израелските истражувачи ја открија најдолгата „солена пештера“ на Светот, долга 10 километри. Тоа е пештерата Малхам, којашто се наоѓа во близина на Мртвото Море, а чијашто внатрешност истражувачите ја испитуваа во последните две години. Пештерата се наоѓа во близина на местото на кое, според Библијата“ сопругата на Лот била претворена во столб од сол.

Како што наведуваат од истражувачките екипи, може да се очекува во иднина пештерата да биде проширена поради врнежите од дожд. Причина за таквите претпоставки е тоа што „солените пештери“ се создаваат кога дождовницаѕа поминува низ пукнатина во земјата, ја раствора солта и на патот кон Црното Море прави хоризонтални канали.

Пештерата се наоѓа во рамки на најголемата планина во Израел, Содом, а делови од пештерата се пронајдени уште во текот на 1980-те години. Во 2017 година, Јоав Нагев, од израелскиот клуб на истражувачи на пештери, одлучи да ја испита до крај, по што формира тим составен од истражувачи и експерти за пештери.

Пред да биде истражена пештерата Малхам, титулата за најголема „солена пештера“ на Светот, од 2006 година ја држеше пештерата на иранскиот осров Кешм.