И тоа се случува – странска авио компанија го откажала утрово летот од аеродоромот Шипхол во Амстердам, затоа што 51-годишниот копилот испил премногу. Тој потоа бил и уапсен. А, бидејќи авионот не можел да полета без него, летот морал да биде презакажан за утре.
Копилотот веќе бил во авионот со намера да го копилотира летот.
Казнет е со 34.000 евра кои морал да ги плати веднаш.
Контролата покажала дека другите десет членови на екипажот немале алкохол во крвта.
Анализата на дување открила 0.63 промили алкохол во крвта кај копилотот, а максимално дозволено е 0,2 промили за авионски екипаж.
Во авионската индустрија на екипажите не им е дозволено пиење алкохол десет часа пред летот.
Comments are closed for this post.