Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, додаде 6,2 милијарди долари на своето нето богатство, искачувајќи се на тој начин за две места на светската листа на најбогати лица во светот. Според индексот на милијардери на Bloomberg Billionaires Index, тој стигна на петтото место, благодарение на скокот на вредноста на акциите на компанијата заради поголемите од очекувањата приходи.
Така, 34-годишниот Цукерберг ги прескокна Шпанецот, Амансио Ортега, и Мексиканецот, Карлос Слим, кои паднаа на шестото и седмото место на листата на 500 најбогати луѓе на планетата.
Акциите на компанијата во четвртокот поскапеа за 11% и стогнаа до цена од 166,69 долари, што претставува најголем раст во последните три години. Со тоа, богатството на Цукерберг стигна до 65,6 милијарди долари.
Основачот на „Амазон“ и најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, на своето богатство додаде 3,8 милијарди долари и првата позиција ја зада со вкупно 142,1 милијарди долари. На второто место и натаму е основачот Microsoft, Бил Гејтс, со 95,8 милијарди долари. Безос го надмина Гејтс пред 15 месеци.
Comments are closed for this post.