Еден од најпопуларните машки бендови на сите времиња „Бекстрит Бојс“ во време на својата најголема популарност објавија бројни безвременски хитови, кои и денеска се потпевнуваат.

Така, оваа година се навршуваат дури 20 години откако беше објавен нивниот најголем хит, песната “I Want It That Way”. Поточно, верувале или не, светлото на денот го здогледала на 2. февруари 1999 година и веќе следниот ден стана хит.

Токму оваа поп балада се искачи на првите места на музичките листи во целиот свет. Момчињата за овој хит беа наградени со дури три музички награди „Греми“, вклучувајќи за песна и албум на годината.

Групата „Бекстрит Бојс“ е основана во 1993 година во Флорида и со музика не престанале да се занимаваат се до денеска. Во делови од светот успеале да продадат повеќе од 100 милиони албуми, што ги прави најуспешен „бој бенд“ во историјата.