Нов лустер, со кристали налик на капки од вода, специјално нарачан од Турција ќе ја краси и осветлува свечената концертна сала во Офицерскиот дом во Битола. Градоначалничката Наташа Петровска открива дека за Офицерски е купен нов балски кристален лустер, а ќе се поставува целосно пропратно осветлување во ист стил. Лустерот ќе биде поставен за неколку дена, пишува Независен весник,

Новиот лустер е со дијаметар од околу 2,5 метри и висина од 3 метри, а од подот до долниот раб на лустерот ќе виси на 5 метри растојание. Основата на лустерот е во месинг, патинирана боја, челична конструкција. На него има кристални елементи во вид на капка и ќе биде на три новоа на палење со лед светилки во внатрешниот дел и 60 т.н. чашки во надворешниот дел на лустерот.

Воедно ќе се реставрира и стариот лустер кој падна на земја во летото 2016 година. Стариот кристален лустер во 1970-те години беше направен од два други луксузни лустера од Офицерскиот дом во Скопје, кои беа оштетени за време на земјотресот  во 1963. Лустерот се сметаше за движно културно богатство на Битола, но во 2016 година пред смената на власта, откако објектот беше препуштен на распаѓање и лустрот падна под нерезјаснети околности.

Целиот текст овде.