Сандра Мелниченко од Белград (45), поранешна членка на популарната  група „Моделс“, преку ноќ стана милијардерка и се најде на листата на најбогати жени во светот, со богатство проценето на дури 23,8 милијарди долари!

Сопругот рускиот олигарх Андреј Мелниченко и го препиша целото богатство на оваа поранешна манекенка и пејачка. Сандра сега е сопственик на најголемите светски компании за производство на јаглен и ѓубрива. Така, оваа Србинка стана најмладата богаташка меѓу десетте најбогати жени во светот – на листата на магазинот „Форбс“ го зазеде осмото место.

Рускиот бизнисмен Андреј Мелниченко и ја предаде сопственоста на целата деловна империја на својата сопруга само еден ден пред Европската унија, поради блискоста со Путин и војната во Украина, да му воведе санкции и да ги замрзне сите средства.

Денес, Сандра Мелниченко е сопственичка на најголемите светски компании за производство на јаглен и ѓубрива – таа ги поседуваше и рускиот СУЕК и швајцарскиот „Еурохем“, кои покриваат речиси 90 отсто од европскиот пазар.

Андреј се плашеше дека неговата деловна империја може да стане цел на санкции од ЕУ. Поради тоа, целиот свој имот го префрлил на сопругата и всушност се пензионирал. Тоа го направи на својот 50-ти роденден, кој го прослави со Александар и децата во Танзанија.

Еве што и препиша

 

* Прекрасна вила во Тајланд
* Луксузна куќа во Сент Мориц
* Пентхаус во Њујорк
* Вила во Антиб
* Бројни имоти во Москва, Лондон и Белград
* Приватен авион
* две мегајахти