Принцезата Дајана обезбедила добра сума за разводот од нејзиниот сопруг, принцот Чарлс во 1996 година, а сумата го извадила од кожа Чарлс, пишува кралскиот биограф.
Најпознатата брачна двојка го имаше и најпознатиот развод. Нивната врска драматично се влоши во 1992 година, кога тие се раздвоија. Четири години беа во пропаднат брак, а кралицата Елизабета Втора решила да ја прекине таа состојба и ги поттикнала поранешните сопружници да се разведат на една приватна средба во 1995 година.
Конечно, „преговорите“ завршиле со тоа што биле прифатени сите барања на Леди Ди, односно исплата од 17 милиони фунти (денешни 31 милион), плус годишна алиментација од 730.000 фунти.
Биографот пишува дека Чарлс морал да направи серија маневри за да ги обезбеди парите.
„Принциот прво беше шокиран, па се налути, за конечно во април на Дијана да и ги исплати парите, 17 милиони фунти“, пишува биографот.
Comments are closed for this post.