Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, вчера (28.10.2020 година) по спроведеното тајно гласање, и официјално ги објави добитниците на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2020 година.

Добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2020 година се:

Од областа на публицистиката

1.ТОНИ ДИМКОВ
Новинар, уредник на „Културен печат“

– за професионална посветеност и публикување на настаните од уметничкиот и културниот живот во Скопје

Од областа на образованието и воспитанието

1.СЕРВЕТЕ ФИДА
Учителка по албански јазик

– за долгогодишна успешна работа во воспитно образовната дејност

Од областа на културата

1.ЉУБОМИР ЧАДИКОВСКИ
Поранешен директор на НУ Театар за деца и младинци-Скопје

– за значајни придобивки и успеси на Тетарот за деца и младинци – Скопје на сите полиња за време на неговото директорување

2. НИКОЛА АНГЕЛОВСКИ
Артист,режисер,преведувач,сценарист,комедиограф

– за 60 години творештво во областа на театарот и филмот

Од областа на науката

1. ПЕТАР НАМИЧЕВ
Архитект, Професор на Универзитет Гоце Делчев Штип

– за Монографиите „Традиционалната куќа во скопскиот регион од 19 век“ – 2020 година и „Традиционалната архитектура во Скопска Црна Гора од 19 до ран 20-ти век“-2018 година

Од областа на уметноста

1.ДИМЕ ПОПОВСКИ
Естраден уметник

– за особен придонес во музичката уметност

Од областа на хуманитарната активност

1.АНДРИЈАНА СЕРАФИМОВСКА, ТЕО ТАСЕВ, ТЕОДОРА ТРАЈКОВСКА, ФИЛИП ДИМИШКОВКИ и БОЈАН РИСТОВСКИ

Деца волонтери кои им помагаат на децата заболени од малигни болести на Хемато-онколошкото одделение при Клиниката за детски болести – Скопје

– за несебично вложување во интерес на здравјето на децата кои се борат со малигни болести

Од областа на здравствената заштита

1. Тим на доктори кои ја извршија првата трансплантација на срце во РСМ
Проф.д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Маја Мојсова, д-р Васил Папестиев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Ванѓел Зравески, д-р Кјутим Џелили, д-р Тања Анѓушева, д-р Никола Христов, д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Миташова, д-р Јасмина Илиевска, д-р Марија Гераковска и д-р Димче Славевски

– за успешно извршена трансплантација на срце

2. д-р ЖАРКО КАРАЏОВСКИ
Епидемиолог

– за заслуги во здравството

Од областа на спортот

1. ИЛИНА АРСОВА
Планинар, алпинист

– за искачување на 7-те највисоки врвови на 7 континенти

Правни лица

1. ДРУШТВО НА ЛИКОВНИТЕ УМЕТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА
Правно лице

– за 75 години заокружена творечка и континуирана работна целина

Ученици и студенти

1. МАТЕЈ МИЛОСИЕВСКИ
Ученик во ПСУ „Јахја Кемал“

– за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннставните активности

2. АНГЕЛА ПЕТРОВСКА
Ученичка во СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“

– за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности

3. ВЕДРАНА ПЕТРОВА
Ученичка во СУГС Гимназија „Јосип Броз-Тито“

– за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности

Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот. Наградата може да се додели и на физички и правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот. Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на Градот Скопје.

Тајното гласање го спроведе Комисијата што ја именува Одборот, во следниот состав: претседател Вангелина Мојаноска и членови: Лорета Георгиевска-Јаковлева, Газанфер Бајрам, Севдаиљ Демири, Халил Зендели, Бранко Цветкоски, Виолета Томовска, Петре Арсовски, Роландо Кутиров, Љубиша Станковиќ и Даница Стојанова.