Објавена е нова книга, со наслов „Концептот ’магичен реализам’ како културолошки феномен“ од Драгана Евтимова. Изработката на корица е на Владимир Лукаш. Kнигата е финансирана од Министерството за култура на Македонија.

Книгата „Концептот ’магичен реализам’ како културолошки феномен“ од авторката Драгана Евтимова се занимава со дефинирање на поимот магичен реализам, краток историски осврт и типологизација низ примери од книгите „Храпешко“ на македонскиот автор Ермис Лафазановски, „Опсада на црквата Свети Спас“ од српскиот автор Горан Петровиќ и „За подносливоста“ од словенечкиот автор Алеш Чар.

Драгана Евтимова (1984) ги има објавено следните книги: „Постоењето на динамиката“ (поезија, 2005), „Јас сум некаде на друго место“ (поезија, 2011); „Фусноти по сеќавање“ (поезија, 2014); „Се гледаме наскоро. Е.“ (епистоларен роман, напишан заедно со визуелниот уметник Владимир Лукаш, 2017) и „Растојанието меѓу две точки“ (хаику, 2018).Член на Друштвото на писатели на Македонија. Преведува од словенечки јазик.