И Татјана и Новица го откажаа својот настап на 8. Септември во Пеленица во Скопје. Велат од фејсбук дознале за што станува збор. Со пораката Македонија вечна тие го честитаа Денот на независноста на државата и информираа дека не ги интересира политиката и не сакаат да ги поврзуваат со ниту една политика партија.
Во врска со настапот на „8 Септември“ сакаме да информираме дека ние нема да настапиме, а воедно и да дадеме појаснување, што навистина се случи.
Наш колега музичар не покани да настапиме, но ни кажа дека тоа е концерт на „Мерак меана“, телевизиска емисија, која го третира македонскиот фолк. Секако прифативме, бидејќи фолк музиката е нашиот живот. Но, од Фејсбук дознавме за што всушност станува збор и затоа го ОТКАЖАВМЕ нашиот настап. Нас, како професионални музичари, не не интересира политика, не сакаме да бидеме поврзувани со ниедна партија и ќе останеме доследни на нашата љубов кон музиката и за музиката. Во име на музиката се оградуваме од сите политики. Нашиот престој во ТАТКОВИНАТА, освен да си дојдеме дома, да се видиме со најблиските, пријателите, роднините и публиката е и да создадеме нови МАКЕДОНСКИ фолк песни. Тоа и го направивме, а ќе имате прилика деновиве да ги слушнете нашите две нови песни и видео записи.
Нека е за многу години Денот на независноста на Македонија! МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА
Comments are closed for this post.