Новите времиња носат нови болести. Лекарите предупредуваат дека прекумерната употреба на мобилните телефони можат да доведат до сериозни заболувања.
Конкретно, најмногу страда вратот поради тоа што при сурфањето на интернет и пишувањето на пораки главата е во поднавалена положба и се јавува т.н продолжен врат.
Тоа предизвикува болки во вратот што создава притисок и болки во главата. Лекарите објаснуваат дека главата на човекот е тешка скоро пет килограми и секое навалување го напрега вратот се до пршлените.
Тоа создава притисок кој може да има трајни последици по здравјето.
Comments are closed for this post.