Во април 2019 година, Норвешка ќе го отвори својот прв подводен хотел ресторан, кој ќе има капацитет од 80 до 100 гости, но ако некој сака да резервира сега, првите шест месеци по отворањето се веќе букирани.
Ресторанот Андер е половина потопен под површината на морето на длабочина од пет метри, во најјужното норвешко приморје, близу населбата Боил. Тоа што е највпечатливо за овој ресторан е широката панорама на подводниот свет и евентуалното осветлување на дното, кое исто би пружало незаборавен поглед кон морето, но сѐ уште е во фаза на осмислување.
Ресторанот е комплициран и уникатен… Неверојатно искуство за сите гости поради местоположбата, архитектурата, ентериерот, погледот и секако – врвната кујна, изјави Арне Мартинсен, менаџерот на компанијата „Суб-мар Груп“, одговорна за овој проект.
Одговорен за менито е познатиот дански готвач, Елицгард Педерсен, а на менито ќе се најдат хранливи производи и морски плодови карактеристични за областа.
Comments are closed for this post.