Жителите на Северна и Јужна Америка, како и во делови од Европа, денеска ќе можат да го набљудуваат затемнувањето на Месечината.

Тоа ќе биде единствена можност оваа и следната година, а Месечината ќе биде релативно поблиску до Земјата и поради тоа ќе биде поголема, посветла, но и поцрвена.Затемнувањето почнува вечерва или утре, во зависност од тоа во кој дел од Земјата се следи појавата и ќе трае еден час.

Ако небото биде чисто, целосното помрачување ќе биде видливо во Северна и Јужна Америка, Гренланд, Исланд, Ирска, Велика Британија, Норвешка, Шведска, Португалија и на брегот на Франција и Шпанија, додека во останатиот дел од Европа и во Африка ќе биде делумно видливо при заоѓањето на Месечината.

Помрачувањето на месечината, која се пслучува само 28 пати во еден век, многу теоретичари на заговор го гледаат како предупредувачки знак за библиските пророштва што се реализираат.

Џон Хаги, американски свештеник, во својата книга “Четири крвави месечини: нешто ќе се промени” сугерира дека овој феномен е исполнет од пророштвото опишано во Светото писмо.

Хаги напишал дека овој феномен се споменува во книгата на еден  пророк “Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред на дојде голлемиот и ужасен ден