Немања Гудељ беше особено емотивен по освојувањето на втората титула во Лига Европа со Севиља.

Српскиот репрезентативец два дена претходно објави дека тој и неговата девојка Анастасија Ражнатовиќ го загубиле бебето, а вчера Гудељ гореше на теренот во дресот на Севиља повеќе од 120 минути кога мораше да биде заменет поради повреда.

 

Кога се смири, Гудељ сподели серија стории на Инстаграм, од кои првата носеше јасна порака.

 

– За неа, за него, за тебе – напиша Немања на шпански

Анастасија го бодреше Немања од трибините во друштво на приватниот возач на Гудељ Рашид, кој на својот профил ги сподели сцените од емотивната прослава. Ражнатовиќ во еден момент го прегрна плачејќи од среќа.