Саша Поповиќ беше едно од најголемите имиња со Лепа Брена и „Слатки грех“ ја обиколи цела Југославија, а потоа се сврте кон продукцијата „Гранд“ и на многумина им помогна да изградат неверојатни кариери. Во екот на својата популарност беше во друштво на многу убавици, а малкумина знаат дека голема љубов му била Неда Украден. Иако нивната приказна брзо заврши, тие останаа големи пријатели сите овие години.
Пејачката дури неодамна во својата автобиографија „Зора зората“ проговори за нејзината романса со Поповиќ, кој оттогаш стана еден од најмоќните луѓе во забавната индустрија.
Неда открила како тој ја бркал, доаѓајќи во Сараево во четири часот наутро за да ја види накратко.
Comments are closed for this post.