Популараниот фолк пејач Наум Петрески ја одбива државната помош за естрадни уметници во износ на две бруто минимални плати, односно од околу 21,776 денари, која им следува на 731 естраден уметник од земјава, како поддршка во справувањето со Ковид-19 последиците.
За „Фокус” тој вели дека тоа според него не е понудена помош, туку омаловажување на културата и порачува дека музиката ќе живее многу подолго отколку било која политичка гарнитура во земјава.

Ние ќе преживееме, и ќе живееме уште многу подолго од политичарите, од нивните внуци и правнуци преку тоа што сме го создале сами, без помош од државата, а истата јас сум ја претставувал низ стотици земји и отворања на македонски културни центри. Но, парите се за туѓи, странски пејачи, а ние сме за хуманитарни настапи! Тоа е вистината –вели музичарот.

Целиот текст овде.